Ефекти
Сигурна и благотворна заштита на кожата од лицето од штетните ефекти од изложувањето на сонце, идеална за безгрижно уживање и релаксација под ведро небо. Благодарение на богатството од активните протективни супстанции, систематично и делотворно ја негува кожата на лицето, давајќи и ја неопходната влажност и еластичност, и ги одбива деструктивните зраци од сончевиот спектар. Покрај високиот процент природен минерален неоргански филтер содржи и хидролат од лаванда, масло од морков, лаванда и маслина, витамини E, B1, B2, D, β каротен, железо, Ω масни киселини... Идеална заштита на лицето од сонце, за лица со помалку пигмент, или при посилен интензитет на сончевото зрачење.
Користење
Кремата се нанесува на лицето, вратот и ушите, во оптимална количина, половина час пред изложување на сонце, периодично во текот на денот.